Де Брујне го одигра последниот меч на „Етихад“: Горд сум што го бев дел од револуцијата на овој клуб (ВИДЕО)

94
фото: Manchester City (X)

Белгискиот репрезентативец Кевин де Брујн синоќа го одигра својот последен меч за Манчестер Сити пред домашната публика на „Етихад“.Во натпреварот од 37-то коло од Премиер лигата против Борнмут, домашните славеа со 3:1, а Белгиецот се прости од фановите, зато ашто му завршува договорот со клубот и заминува во нова средина.

„Малку е чудно. Поминувањето 10 години тука беше неверојатно. Беше одлично време, неверојатен притисок. Сакам да им донесам радост на луѓето, да играм напаѓачки креативен фудбал – тоа сум јас на теренот – и сакам да се забавувам. Мислам дека многу се забавувавме овие 10 години. Понекогаш победуваш, понекогаш губиш. Беше убаво да се работи толку напорно и да се направи нешто за овој клуб што го направи многу подобар отколку што беше порано. Многу сум горд на тоа“, изјави Белгиецот по завршувањето на мечот.

На прашањето кој момент од престојот во Манчестер Сити ќе му остане во сеќавање, тој вели:

„Верувам дека животот и кариерата се патување. Имало многу подеми и падови и мора да се живеат моментите и да се ужива во нив. Уживав во секој момент неизмерно и научив од тешките времиња. Беше неверојатно“.

ПретходноШеј ја обезбеди првата победа за Оклахома во финалето на Западот
СледноОва се сите досегашни финалиња и победници: Од Вардар па до Тиквеш…