Денешното Куп финале кое ќе стартува до 20:00 часот на Арената Тодор Проески во Скопје и во кое се среќаваат екипите на Вардар и Струга Трим Лум со себе носи многу детали, и актерите се испреплетени што се вели меѓу себе на најразлични начини. И од тренерски аспект, но и оди играчки. Многумина од играчите играле заедно, што во домашни услови, што во националниот тим, и оние помладите но и оние поискусните.
Сепак, за нас доста интересен треба да биде фактот, а секако е малку познат, дека капитенот на Вардар Горан Закариќ и голманот на Струга Трим Лум, Ведран Ќосевски се поранешни соиграчи и тоа по два основа.
Првично од времето кога и обајцатаа настапуваа за тимот на Железничар од Сараево и тоа во сезоната 2018/19. Закариќ пристигнува како големо засилување, а Ќосевски е дете на клубот.
Од друга страна пак, своевремено и обајцата се репрезенативци на Босна. Закариќ има единаесет официјални настапи за БИХ, додека пак Ќосевски е само повикуван но никогаш не заигра за оваа репрезентација. Затоа сеуште е актуелна приказната дека Ведран Ќосевски некогаш можеби ќе добие и репрезентативен повик за Македонија дури и во денешни околности на 29. години.
Од друга страна пак, што се однесува до останатите да кажеме дека Давор Талески, Јасмин Мециновиќ и Немања Босанчиќ кои во моментов се дел од Вардар, биле членови на Струга Трим Лум, додека пак од спротивната страна некогашниот репрезентативец на Македонија, Стефан Спировски постигна сериозни успеси во „црвено – црниот“ дрес своевремено.
ФОТО STRUGA TRIM LUM FACEBOOK