Некогашниот лидер на репрезентацијата на Албанија, а потоа и супер успешен фудбалски работник, Игли Таре ќе биде новиот спортски директор на Милан. Превирањата и промените во овој клуб летово само што започнаа, а се стартуваше со првиот оперативец очигледно.
Таре има повеќе од деценија искуство на оваа позиција но во тимот на Лацио, а сега седнува на сериозна функција на која што годиниве се сменија многу големи имиња.
Негова прва задача ќе биде изборот на нов тренер. Серџо Консеисао во моментов ја обавува таа функција, но тој многу веројано дека си оди поради неуспешната сезона.
За кого Таре ќе се одлучи останува да видиме, иако таа одлука ќе биде многу бргу донесена.
ФОТО TARE X