Комесарот за натпреварување при Кошаркарската федерација на Македонија денеска ги изрече казните за прекинот на напреварот од полуфиналето на домашното првенство меѓу екипите на МКК Куманово и МЗТ Скопје во салата „Перо Наков“ во Куманово.
Кумановци се казнети со еден натпревар без присуство на гледачи од серијата против Работнички во битката за третото место во првенството.
Исто така МКК Куманово ќе мора да одигра уште три натпревари без публика во следната натпреварувачка сезона 2025/26, и да плати рекордни 400.000 денари како парична казна за инцидентот.