Во престер на вечерашното финале од Купот на Македонија кое се игра на Арената Тодор Проески во Скопје со почеток од 20:00 часот, а во кое се среќаваат екипите на Вардар и Струга ТЛ, Фудбалската Федерација на Македонија и Министерството за Внатрешни Работи потпишаа меморандум за соработка. Истиот секако е во насока на тесна и целосна соработка на овие две институции, а со цел што поголема безбедност на стадионите и на сите фудбалски објекти воопшто, каде што ФФМ организира настани.