Милан тајно се надева дека ќе го добие Италијано, Болоња денеска ќе му понуди нов договор

212
Фото: Болоња Твитер

Винченцо Италијано се појави како водечки кандидат за тренерското место во Милан. Како што пишуваат неколку авторитетни медиуми во Италија, Болоња откако ја дознала веста, веднаш најавила нов договор за својот тренер со подобрени услови, за да го спречи неговото заминување на „Сан Сиро“.

Агентот на Италијано, Франческо Калијандро, денес ќе се сретне со директорите на Болоња за да ја слушне нивната понуда за продолжување на договорот. Италијанските спортски весници објавуваат дека „рособлу“ сакаат да го продолжат договорот со тренерот до 2028 година. Ако на Италијано не му се допадне новата понуда, голема е веројатноста да прифати трансфер во Милан.

ПретходноГеоргиевски и Георгиев со две годишна забрана за вршење на функција во фудбалот
СледноИгли Таре ќе биде новиот спортски директор на Милан