Митровиќ е ново засилување за Вардар

119

Младиот и перспективен десен бек Урош Митровиќ (20) ќе биде член на РК Вардар. Во Скопје доаѓа од екипата на Тулуз во Франција, а зад себе има и интернационална кариера и во Полска и Австрија. Во Вардар треба да остане најмалку до јуни 2027 година.

Леворакиот Митровиќ е репрезентативец на Србја и настапуваше и во квалификациите за ЕП 2026 година. Настапувал и за младинските селекции на Србија. Пред да замине за Франција , една сезона играше во Австрија во екипата на Брегенц, и една сезона во Висла Плоцк во Полска. Во Србија настапувал за екипите на Врбас и на Црвенка.

„Голема ми е чест и задоволство да играм во боите на македонскиот гигант, клуб кој зад себе има неверојатна историја. Во наредните сезони со нетрпение очекувам да го дадам својот максимум и да го покажам сето она на што сум способен на теренот, и заедно со екипата да се претставиме во најдобро светло“, изјави Урош Митровиќ.

ПретходноСе уште има карти за финалето со АЕК: Можат да се купат најмногу пет билети
СледноКФСМ ги изрече казните за прекинот: Куманово ќе мора 4 меча без публика и ќе плати 400.000 денари