Вардар по цели 18 години пауза, конечно вечерва успеа да го освои пехарот во Купот на Македонија.Ова е негов шести трофеј во ова натпреварување, откако успеа во 32.финале да слави со Струга ТЛ со 2:0.
И како што е вообичаено, по завршување на мечот, Вардар го доби новиот пехар на ФФМ и тоа од страна на првиот човек на федерацијата, како што доликува, Масар Омерагиќ.
Следуваше еуфорична радост на вардарци, тука беше и чичко Дончо кој не ја криеше својата радост по овој успех на неговиот Вардар, а тренерот Гоце Седлоски се најде на рацете на своите играчи.