Новак експресно во следната рунда во Женева!

85

Новак Ѓоковиќ попладнево имаше успешен настап на стартот или во 1/8 финалето на турнирот во Женева, каде ја “брка“ 100 титула во својата кариера.

Имено тој со 2:0 во сетови го победи Мартон Фучевиќ, и со тоа се пласира во следната рунда, односно во 1/4 финалето на овој турнир.

Во првиот сет најдобриот тенисер во историјата успеа да наметне свој стил на игра, Унгарецот немаше сили за нешто повеќе па така на крајот беше 6:2 во гемови.

Во вториот сет нешто слично, Новак беше на своето и ниво и овој сет го доби, нешто потешко од првиот, со 6:3 па така со конечни 2:0 во сетови се пласираше во 1/4 финалето каде ќе ги одмери силите со Матео Арналди од Италија.

ПретходноГРК Тиквеш повторно победнички против Бутел
СледноТренерот на Колстад пренесен во болница, му се слошило за време на финалето