Новиот Куп пехар вечерва ќе дебитира на дуелот Вардар и Струга ТЛ

681

Од деталите кои што се дел од ова вечерашно најново издание на фудбалскиот Куп на Македонија во кое од 20:00 часот на Арената Тодор Проески се среќаваат екипите на Вардар и Струга Трим Лум доаѓа и оној веројатно најважниот.

Од Фудбалската Федерација на Македонија за овој меч, подготвија нов пехар за доделување. Оној стариот заминува во историја од една многу проста причина.

Самиот пехар е пренослив односно освојовачот го има во свое поседство само една година. На истиот се гравира името на освојувачот и сезоната, и токму тоа е причината за нов пехар. На стариот едноставно сите места за гравирање се пополнети. Ова ќе биде трет пехар кој што ќе ја види светлоста на денот кога станува збор за Купот на Македонија.

Притоа ФФМ обезбедува помала верзија од истиот кој што останува во сопственост на освојувачот на Купот на Македонија.

ПретходноЗакариќ и Ќосевски стари познаници од Жељо и репрезентацијата на Босна
СледноУбедлив старт за Ѓорческа на турнирот во Куршумлијска бања