Ова се сите досегашни финалиња и победници: Од Вардар па до Тиквеш…

550

Вечерва во 20 часот на Националната Арена “Тодор Проески“ во Скопје, ќе се одигра 32.финале во Купот на Македонија. Се среќаваат Вардар и Струга ТЛ, два клуба, два тима кои и тоа како имаат квалитет во себе ова финале да го направат спектакуларно во играчка смисла.

Вардар е нашиот најтрофеен клуб, а Струга ТЛ довчерашен шампион. Вардар го посакува својот шести трофеј и тоа по пауза од цели 18 години, Струга ТЛ својот прв откако пред две години, во таа 2023 беше поразена своето прво финале од Македонија ЃП на пенали.

Сите сме во очекување на мечот на годината, а тоа е финалето на Купот на Македонија, натпревар во кој за големиот пехар битка ќе водат, како што споменавме, Вардар и Струга ТЛ.

Ова ќе биде 32. финале, тоа во 2020 не се одигра поради Ковид – кризата, а се започна во далечната 1993 година кога, тогаш на Градски, пред 20.000 и повеќе гледачи, Вардар со голот на Савов во 86.минута го победи Пелистер со 1:0 и се радуваше на првиот трофеј во Купот во самостојна Македонија. Следуваа 31 финални мечеви. Имаше спектакли како оној во 2004 година, кога Цементарница, во блескаво финале, по 4:4, победи на пенали.

Инаше и супер интересни завршници како во 2006 година кога Филип Ивановски со гол во последните секунди му ја донесе победата на составот на Македонија ЃП против Шкендија. Секако дека ќе го паметиме оној гол на Сашко Пандев во 2009 година за Работнички во 90.минута за израмнување на 1:1 против “лавовите“ кои тогаш беа предводени од Илчо Ѓорѓиоски, кој вечерва ќе седи на клупата на Струга ТЛ. Не смее да се заборави она финале во Прилеп во 2000 кога Победа на свој терен беше поразена од Слога Ј со 0:6. Интересно, на последните седум финалиња, дури во пет наврати победникот бил решен на пенали.

СИТЕ ДОСЕГАШНИ ФИНАЛИЊА:

1993-Скопје: Вардар – Пелистер 1:0

1994-Скопје: Силекс – Пелистер 1:1 (3:1 П)

1995-Скопје: Вардар – Силекс 2:1

1996-Скопје: Слога Ј – Вардар 0:0 (5:3 П)

1997-Кавадарци: Силекс – Слога Ј 4:1

1998-Скопје: Вардар – Слога Ј 2:0

1999-Скопје: Вардар – Слога Ј 2:0

2000-Прилеп: Слога Ј – Победа 6:0

2001-Скопје: Пелистер – Слога Ј 2:1

2002-Струмица: Победа -Цементарница 3:1

2003-Скопје: Цементарница – Слога Ј 4:4 (3:2 П)

2004-Скопје: Слога Ј – Напредок 1:0

2005-Скопје: Башкими – Маџари 2:1

2006-Скопје: Македонија ЃП – Шкендија 3:2

2007-Скопје: Вардар – Победа 2:1

2008-Скопје: Работнички – Милано 2:0

2009-Скопје: Работнички – Македонија ЃП 1:1 (6:5)

2010-Скопје: Тетекс – Работнички 3:2

2011-Прилеп: Металург – Тетекс 2:0

2012-Штип: Ренова – Работнички 3:1

2013-Скопје: Тетекс – Шкендија 1:1 (6:5П)

2014-Скопје: Работнички – Металург 2:0

2015-Скопје: Работнички – Тетекс 2:1

2016-Скопје: Шкендија – Работнички 2:0

2017-Струмица: Пелистер – Шкендија 0:0 (4:3 П)

2018-Струмица: Шкендија – Пелистер 3:0

2019-Скопје: А.Пандев – Македонија ЃП 2:2 (4:3 П)

2020 – НЕ СЕ ОДИГРА ПОРАДИ КОВИД

2021-Скопје: Силекс – А. Пандев 0:0 (4:3 П)

2022-Скопје: Македонија ЃП – Силекс 0:0 (4:3 П)

2023-Скопје: Македонија ЃП – Струга ТЛ 1:1 (2:0 (П)

2024-Скопје: Тиквеш – Воска 2:1

2025-Скопје: ???????

ПретходноДе Брујне го одигра последниот меч на „Етихад“: Горд сум што го бев дел од револуцијата на овој клуб (ВИДЕО)
Следно„Марка“: Реал го купува Нико Вилијамс за 58 милиони евра!