Ристовски го одби новиот договор со Динамо, следна дестинација ОАЕ?

333

Стефан Ристовски го напушта Динамо на крајот од сезоната! Ова е веста која денеска ја објавија дел од хрватските медиуми. Информацијата и не е големо изненадување во Хрватска, каде велат дека веќе некое време е познато дека Ристовски ја одбил понудата за нов, помал и пократок договор и дека е блиску до заминување од „Максимир“ ова лето, кога му истекува договорот.

Ристовски практично веќе се збогува со Динамо и треба да го напушти Загреб во понеделник, ден по последниот настап на тимот во првенството. Се уште не е познато каде Ристовски ќе ја продолжи кариерата, но се шпекулира дека можно е да се пресели во Обединетите Арапски Емирати, или пак некое време да се врати во Македонија.

ПретходноПРЕМИУМ ЏЕКПОТ СО ФАНТАСТИЧНИОТ МЕРЦЕДЕС АМГ Е ВО ЗОНА НА ПАЌАЊЕ
СледноБелингем мора на операција, ќе паузира најмалку 3 месеци