32.финале во Купот: Седло во своето прво финале, Илчо во очекување на првиот трофеј!

151

Вечерва во големото финале во Купот на Македонија како стратези на Вардар и Струга ТЛ, тренерски дуел ќе имаат и Гоце Седлоски (51) и Илчо Ѓорѓиоски (53). И двајцата како тренери биле шампиони во ПМФЛ, Седло со Вардар и Шкупи, Илчо со Вардар и Македонија ЃП. Интересно, но и двајцата досега не го освоиле пехарот во Купот. Илчо се има радувано како играч на Вардар, но како тренер има пораз и тоа во таа 2009 година кога како тренер на “лавовите“ беше поразен во финалето од Работнички.

За Седлоски, кој е еден од нашите најдобри и најтрофејни тренери во историјата на самостојна Македонија, ова ќе биде прво финале во Купот на Македонија и како играч и како тренер.

Јасно е дека мотиви има и кај двајцата, и двајцата важат за стручњаци кои од своите играчи бараат стриктно извршување на задачите, нема импровизации, бараат максимална дисциплина.

Од сето ова кажано јасно е дека, покрај играчите кои ќе “војуваат“ на теренот, свој дуел ќе имаат и Гоце Седлоски и Илчо Ѓорѓиоски.

Ќе видиме вечерва после 22 часот кој ќе се радува на својот прв трофеј како тренер во Купот на Македониј, Седло или Илчо?

ПретходноАндон Дончевски му посака среќа и успех на Вардар во Куп финалето вечерва (ВИДЕО)
СледноГеоргиевски и Георгиев со две годишна забрана за вршење на функција во фудбалот