За големото неделно реванш финале во ЕХФ Европскиот куп меѓу Алкалоид и АЕК се уште можат да се најдат билети преку онлајн мрежата.
Натпреварот е класифициран како настан со висок ризик, па затоа секое лице ќе има можност да купи најмногу пет (5) билети, при што задолжително е да се внесат следниве податоци: име, презиме и број на лична карта.
Алкалоид по големата победа во Грција над АЕК Атина со 29:25, во Скопје ќе игра за пехарот во Европскиот Куп на ЕХФ! Во нападот на историја за тимот и за нова европска титула за македонскиот ракомет се очекува голема поддршка од трибините.