Супер Талевски, МАГИЧЕН Вардар – Купот конечно е “црвено – црн“!

553

Вардар – Струга ТЛ 2:0 е епилогот од 32.финале во Купот на Македонија. Супер Михаил Талевски со два гола, МАГИЧЕН Вардар, па така по цели 18 години нашиот најтрофеен клуб дојде до пехарот во Купот на Македонија и настап во Европа ова лето.

Магичен крај на оваа пролетна сезона за нашиот најтрофеен клуб.

Убаво финале за Вардар кој покажа како се игра еден ваков меч. Тактички одличен Вардар, тренерот Седлоски знаше што сака и во тоа успеа.

Ова е негов прв пехар во Купот во своето второ финале. А ова е втор пораз на Ѓорѓиоски во второто негово финале.

А се почна со шанси за Струга ТЛ. Едноставно стружани подобро го отворија ова финале. Укпа уште во 2.минута шутираше од далечина, за малку непртецизно над голот на Вардар. По неколку минути, по тој кикс на Закариќ, Радески беше во голема шанса но нема гол. Во таа 18.минута среќа за Вардар кога Кривањева можеше да постигне гол, но Талевски беше на своето место.

И тогаш казната стигна на другата страна, во таа 26.минута Талевски постигнува гол за водство на Вардар по нафрлањето на Јанкулов. Во таа 39.минута Вардар можеше да го удвои водството откако Донгмо ја погоди стативата на Струга ТЛ. Нема што, Вардар во тие моменти беше подобар, се разиграа момците на Седлоски.

Сепак на пауза се замина со тие 1:0.

ГООООЛ…ТАЛЕВСКИ ПОВТОРНО СТРЕЛА ЗА 2:0 ЗА ВАРДАР

Второто полувреме не можеше да почне подобро. Во моментите кога стружани се мислеа што и како со Укпа, кој се повреди, Талевски по една одбиена топка стрела за водство од 2:0. За радост кај сите фанови на Арената на Вардар. Нема дилеми дека Вардар се прашуваше во тие моменти во ова финале, а Струга ТЛ со неколку измени се обиде да се врати во игра што се вели.

Во продлжение Вардар се обиде да ја смири играта, што е и нормално ако се знае дека имаше водство од 2:0, кое беше апсолутно заслужено.

Финалето влезе во период во кој речиси и да немаше фудбал, и двете страни направија повеќе замени, па така се загуби и ритамот на овој меч, што секако дека на Вардар во целост му одговараше.

Закариќ во 80.минута од десно од слободен удар и тоа како се закани, но сепак за малку таа топка профуче покрај десниот дирек на Ќосевски, сега Струга ТЛ имаше голема среќа. За малку ќе беше 3:0 за Вардар. Врати Кехинде на другата страна, но топката немаше сила да го совлада голманот Талески. Но затоа во 85.минута Кехинде опасно се заканува, а Талески рефлексно одбрани.

32.финале во Купот на Македонија

ВАРДАР – СТРУГА ТЛ 2:0 (1:0)

Нациолна Арена “Тодор Проески“ во Скопје. Гледачи: 7.000. Судија: Игор Стојчевски (Скопје). Стрелци: Талевски 26., 49.(ВАР),

ВАРДАР: Талески, Босанчиќ (90. Дурански), Донгмо (72.Мато), Јанкулов, Маневски, Матиќ, Омерагиќ, Сенгор, Талевски, Тодоровски (62.Најдовски), Закариќ (90.Спахиу).

Тренер: Гоце Седлоски.

СТРУГА ТЛ: Ќосевски, Бојку, Хамза (69.Зенку), Илиевски, Касами (Спировски), Кривањева, Радески (56.Кехинде), Радиќ (69. Жарју), Шабани, Укпа (50.Компаоре), Влајковиќ.

Тренер: Илчо Ѓорѓиоски.

ПретходноТажно: Еве како Варди си замина од Лестер…со картонска кутија в раце…(ФОТО)
СледноСедлоски: Овие момци се вистински фраери! Вардар има посебна „армија“