УО на ФФМ: Намалување на ПМФЛ од 2026/27 од 12 на 10 клубови!

750

На последната седница, Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија ги донесе следните одлуки: 

– Бараж натпреварот ЖФК Речица – ЖФК Вардар за пласман во Првата женска фудбалска лига ќе се одигра на 28 мај во 11:00 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.

– Усвоен е Правилникот за внатрешна организација и систематизација на работните места во ФФМ, со цел зголемување на ефикасноста и професионалноста во работењето.

– Избрана е компанија за реализација и опремување на ВАР соба, како дел од процесот за имплементација на ВАР систем во Прва МФЛ; 

– Донесена е одлука да се преземат сите неопходни правни и административни и законски мерки за заштита на интересите на ФФМ во врска со следните стадиони:

Трибина Охрид 

Трибина Кичево

Трибина Штип

– Усвоен е предлогот за одржување на on-line седници на комисиите на ФФМ, што ќе придонесе за поефикасна работа и полесна координација.

– Управниот одбор го усвои предлогот за промена на системот на натпревари од натпреваривачката сезона 2026/27:

Прва МФЛ: намалување на бројот на клубови од 12 на 10

Втора МФЛ: намалување од 16 на 14 клубови

Комисија во состав Агим Ибраими, Игор Франговски и Сашо Здравевски ќе спроведе дополнителна анализа и ќе предложи конечни насоки за системот на натпреварување и начините на промоција и испаѓање.

– Кирил Изов е именуван за нов селектор на женската репрезентација до 19 години.

– Астрит Мерко е назначен за селектор на женската репрезентација до 15 години, на местото на Јовица Блажевски.

Со овие одлуки, ФФМ продолжува со процесите на унапредување на фудбалската инфраструктура, организација и натпреварувачкиот систем, со фокус на развојот на македонскиот фудбал.

Претходно32.финале во Купот: Ставрев е рекордерот со отсудени пет финалиња,вечерва по вторпат ќе има и ВАР!
СледноИвановски и Бугариќ елиминирани во двојки на Macedonian Open 2025