Вардар дојде до нов пехар во Купот на Македонија, откако во финалето го совладаа тимот на Струга Трим Лум со 2-0. „Црвено-црните“ доминираа на теренот, Гоце Седлоски има право на задоволство бидејќи неговите момци на дело ги спроведоа насоките.
Само што почна прес-конференцијата истата беше прекината, а за тоа се виновни фудбалерите на Вардар кои влетаа, буквално го избањаа својот тренер.