32. финале во Купот: Вардар чека на пехарот од 2007, ама пак е најтрофејниот во Македонија!

264

Во пресрет на вечерашното 32.финале во Купот на Македонија, убаво ќе биде да се потсетиме за тоа кој од клубовите досега се радувал на пехарот. Вардар чека цели 18 години да се израдува на трофеј во Купот на Македонија, и тоа од 2007 година кога на Арената во Скопје ја совлада победа со 2:1 со головите на Кировски и Вандаир, стрелец за прилепчани беше Нацев.

Сепак иако без трофеј речиси две децении, нашиот најголем фудбалски клуб и натаму е рекордер во ова натпреврување. Имено Вардар досега во самостојна Македонија во пет наврати славел во овие финалиња и тоа во 1993, 1995, 1998, 1999 и споменатото 2007 година.

На второ место е Работнички со 4 пехари, па следуваат Слога Ј (Шкупи), Силекс и Македонија ЃП со по три трофеи, по два имаат Тетекс, Пелистер, Шкендија, а по еднаш се радувале Победа, Цементарница, Башкими, Ренова, Металург, А. Пандев.

Тиквеш е последниот освојувач на пехарот, но сезонава токму од Вардар беше поразен во 1/8 финалето.

ТАБЕЛА

5 Вардар

4 Работнички

3 Слога Ј, Силекс, Македонија ЃП

2 Тетекс, Пелистер, Шкендија

1 Победа, Цементарница, Башкими, Ренова, Металург, А. Пандев, Тиквеш

ПретходноБелингем мора на операција, ќе паузира најмалку 3 месеци
СледноСе уште има карти за финалето со АЕК: Можат да се купат најмногу пет билети