Вечерва од 20 часот на нашиот најголем стадион, на Националната Арена “Тодор Проески“ во Скопје, се игра големото финале во Купот на Македонија меѓу Вардар и Струга ТЛ. Ова за вардарци ќе биде седмо финале, а за стружани второ. Вардар го посакува својот шести пехар, прв после 18 години, а Струга ТЛ е во очекување на првиот трофеј.
Убедени сме дека ова ќе биде убаво, квалитетно, спектакуларно финале во кое се среќаваат убедливо најдобриот тим во Македонија оваа пролет, секако дека тоа е Вардар и тимот кој според слободна проценка го има најквалитетниот играчки кадар во оваа сезона, мислиме на Струга ТЛ.
Јасно е дека кога се игра едно финале, притисокот е голем, мотивите се до небо, секој сака да излезе како победник, да го подигне пехарот, да се радува на големиот успех.
Реално според квалитетите на двата тима, ова треба да биде и крајно незвесно финале, но фудбал е тоа, којзнае што ќе ни донесе увертирата не овој меч, некој кикс, некоја грешка, некој прекрасен брз гол се фактори кои и тоа како влијаат за тоа што ќе се случува понатаму.
Инаку и Вардар и Струга ТЛ имаат со што да се пофалат пред се во врска со играчкиот кадар. Имаат големи и квалитетни ростери, имаат желба за победа, имаат се што треба да го прикажат она најдоброто од себе во моментов за да се дојде до победа.
Познато е дека во случај на нерешен резултат по тие 90+ минути ќе има продолженија, ако и тогаш нема победник, ќе се оди на изведување на пенал серија.
Инаку мотив плус за Вардар и Струга ТЛ вечерва ќе биде и тоа дека само победникот во ова финале ќе игра ова лето во Европа, во квалификациите во Лигата на Конференции.
Значи Вардар или Струга ТЛ ќе им се придружат на Шкендија, Работнички и Силекс во настапот во фудбалска Европа.
Затоа се очекува жестоко, борбено, спектакуларно, без пардон финале.
Финале кое не носи само пехар за победникот, туку и излез во Европа.
ПАТОТ ДО ФИНАЛЕТО
ВАРДАР
1/16 ФИНАЛЕ: Новаци – ВАРДАР 0:2
1/8 ФИНАЛЕ: ВАРДАР – Тиквеш 2:0
1/4 ФИНАЛЕ: ВАРДАР – Силекс 1:0
1/2 ФИНАЛЕ: ВАРДАР – Брера 3:0, 1:1
СТРУГА ТЛ
1/16 ФИНАЛЕ: Слога (В) – СТРУГА ТЛ 1:6
1/8 ФИНАЛЕ: СТРУГА ТЛ – Македонија ЃП 2:0
1/4 ФИНАЛЕ: СТРУГА ТЛ – Гостивар 1:0
1/2 ФИНАЛЕ: СТРУГА ТЛ – Шкендија 1:1, 2:1