Вечерва од 20 часот на Националната Арена “Тодор Проески“ во Скопје ќе се одигра 32.финале во Купот на Македонија.
Познато е дека за големиот пехар битка ќе бијат Вардар и Струга ТЛ.
Во пресрет на стартот на овој меч, двајцата тренери, Гоце Седлоски и Илчо Ѓорѓиоски ги објавија стартните состава на Вардар и Струга ТЛ.
Ова е изборот на Седлоски (Вардар): Талески, Босанчиќ, Донгмо, Јанкулов, Маневски, Матиќ, Омерагиќ, Сенгор, Талевски, Тодоровски, Закариќ.
Ова е изборот на Ѓорѓиоски (Струга ТЛ): Ќосевски, Бојку, Хамза, Илиевски, Касами, Кривањева, Радески, Радиќ, Шабани, Укпа, Влајковиќ.