Кога сме кај судиите во изминатите 31 финале, засега рекордер со пет отсудени финалиња е Александар Ставрев. Човекот кој се прости од судењето по завршување на есенскиот од штотуку завршената сезона во декември 2024 година.
Токму тој го судеше последното финале меѓу Тиквеш и Воска, а претходно ја делеше правдата во финалињата во 2007, 2013, 2017, 2021 и како што веќе нагласивме, тоа во 2004 година.
Вечерва во 32.финале во Купот на Македонија во кое се среќаваат Вардар и Струга ТЛ, за главен судија одреден е Игор Стојчевски од Скопје а покрај него тука се и Дарко Јовчевски (Тетово) и Мартин Петковски (Куманово) како помошници, додека четврти ќе биде Јован Качевски (Струга).
По вторпат во историјата во овие финалиња во Купот, ќе има и ВАР а за тоа се главни Новак Симовиќ и Урош Стојковиќ (Србија) кои веќе како ВАР судии имаат судено и во Лигата на Шампионите.
СУДИИ КОИ СУДЕЛЕ ВО ФИНАЛИЊАТА
5 – Александар Ставрев (Скопје)
3 – Горан Спиркоски (Прилеп)
2 – Љубомир Крстевски (Битола), Ангел Бунгуров (Кавадарци), Димитар Мечкаровски (Скопје), Игор Стојчевски (Скопје)
1- Гоце Попев (Скопје), Ванчо Костенчев (Скопје), Крсте Данаиловски (Скопје), Ѓоко Стојановски (Скопје), Ванчо Коцев (Штип), Сашо Лазаревски (Куманово), Беким Баута (Струга), Делчо Јакимовски (Скопје), Емил Божиновски (Скопје), Зоран Петковски (Велес), Владимир Кипријановски (Скопје), Зоран Бошков (Неготино), Дејан Јакимовски (Скопје), Марјан Маркоски (Охрид), Марјан Ецкоски (Охрид), Александар Грујоски (Кичево).