Веќе нема дилеми: Шеј го победи Јокиќ во трката за МВП признанието

94

Кошаркарот на Оклахома Сити Тандер, Шеј Гилџес-Александар ќе биде прогласен за најкорисен играч во НБА лигата пред Никола Јокиќ кој зад себе има фантастична сезона.

Шеј стана вториот Канаѓанец кој ја доби оваа ласкава награда, а пред него, Стив Неш беше МВП во сезоните 2004/05 и 2005/06 кога го носеше дресот на Феникс Санс.

Шеј игра за тимот кој е најдобар во лигата, има просек од 32,7 поени, 5 скока и 6,4 асистенции.

Тој е најдобар стрелец во лигата, со неверојатна ефикасност — шутираше 51,9% од полето, што е реткост за еден бек. Тој ретко форсира шутеви, прецизно ги наоѓа своите омилени позиции на теренот и е лидер во НБА во натпреварите со 50, 40, 30 и 20 поени.

ПретходноЛЕ финале:Тотенхем го победи Јунајтед во Билбао и ќе игра во ЛШ!