По првите 45.минути од финалето во Купот на Македонија, меѓу Вардар и Струга ТЛ, резултатот е 1:0 за “црвено – црните“ и тоа со голот на младиот напаѓач Михаил Талевски.
Инаку стружани подобро го отворија ова финале. Укпа во 2.минута шутираше од далечина, неколку минути подоцна, киксот на Закариќ, Радески беше во шанса, во 18.минута среќа за Вардар кога Кривањева можеше да постигне гол.
И тогаш во таа 26.минута Талевски постигнува гол за водство на Вардар по нафрлањето на Јанкулов, а во 39.минута Вардар можеше да го удвои водството откако Донгмо ја погоди стативата на Струга ТЛ.