Тренерот на Колстад пренесен во болница, му се слошило за време на финалето

244
Фото: Rasmus Boysen #handball

Тренерот на Колстад, Кристијан Берге не го дочека крајот на финалниот меч против Елверум во рамките на норвешкиот шампионат. Тој мораше да ја напушти арената поради здравствени проблеми.

Според информациите на ТВ2 Norge тој е свесен и е на пат кон болница на преглед.

Ракометарите на Колстад го доиграа мечот и дојдоа до втора победа против Елверум од 31-28 и со тоа ја освоија шампионската титула во Норвешка.

 

ПретходноНовак експресно во следната рунда во Женева!
СледноРоналдо одбил да заработува 550 илјади евра дневно