Кошаркарите на Оклахома Сити Тандер поведоа со 1:0 во финлната серија на Западот, откако синоќа славеа со 114-88 над Минесота во првиоот дуел од финалето.
Шеј Гилџес-Александер со 31 поен, од кои 20 постигна во второто полувреме, а имаше и девет асистенции, пет скока и три украдени топки, беше најдобриот кошаркар на паркетот. Тој погоди осум од 14 шутеви во второто полувреме, по лошото прво полувреме.
Џејлен Вилијамс придонесе за победата со 19 поени и осум скока, а Чет Холмгрен заврши со 15 поени и седум скока.
За Минесота, Џулиус Рендл беше најефикасен со 28 поени и осум скока, а Ентони Едвардс додаде 18 поени и девет скока. Минесота водеше со 48:44 на полувреме, а Оклахома успеа да поведе со 66:60 во третата четвртина со серија од 10:0.
Вториот натпревар ќе се игра во ноќта меѓу четврток и петок, повторно на теренот на Оклахома.