Ѓорѓиоски: Честитки до Вардар – ги искористија своите шанси!

242

Илчо Ѓорѓиоски не успеа да дојде до пехар во Купот на Македонија со Струга Трим Лум, иако пред финалето најави дека нивната желба е голема, и ќе одиграат на највисоко ниво. Сепак на теренот не изгледаше така, Вардар 1961 доминираше, на крајот славеше со 2-0 и го подигна пехарот во Купот на Македонија.

„Можеше да биде поинаку, честитки за победа на Вардар, ги искористија своите шанси. Ние не ги искористивме своите шанси, вториот гол, кој падна на почетокот на второто полувреме психолошки не откажа од мечот, иако поседот на топката го имавме. Како што кажав не успеавме да искористиме дел од шансите да се вратиме во мечот“. 

ПретходноСедлоски: Овие момци се вистински фраери! Вардар има посебна „армија“
СледноМихаил Талевски: Пресреќен сум за головите, за победата, за тоа дека сум дел од еден ПОБЕДНИЧКИ Вардар!