Борац Бања Лука вечерва во Зеница беше поразен од Зрињски со 1:0 во меч од Суперкупот на Босна и Херцеговина.
Веднаш да кажеме дека нашиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски беше резерва а Бобан Николов влезе во игра во 74.минута.
Победничкиот гол за Зрињски беше дело на Билбија во 82.минута.
Херера, Колумбиецот со македонски пасош го одигра целиот натпревар за Борац Бања Лука.