Кристијан Берге не го водеше вториот финален натпревар во рамките на норвешкиот шампионат. Тој за време на мечот ја загуби свеста, по што брзо беше пренесен во најблиската болница.
Според последните информации тој е во стабилна состојба, а причината за ваквиот момент е срцева фибрилација.
Инцидентот се случи на водство на Елверум во 22:21 минута, кога играчите истрчаа кон аут-линијата. Во салата владееше целосна тишина кога пристигнаа службите за итни случаи, а други држеа крпи за да го скријат погледот кон она што очигледно беше медицинска операција за прва помош.
Моментот може да го видите ТУКА.