Атанасов: МЗТ е тим кој што цели кон големи нешта

24

МЗТ Скопје е пред уште една финална серија во која влогот е најголемиот можен – шампионската титула.

Пред екипата која е доминатна во македонската клупска кошарка стои уште една пречка, се вика ТФТ, противник кој изненади многумина, но не и луѓето од стручниот штаб на актуелниот шампион, предводен од тренерот Васко Атанасов.

„Во битката со градскиот ривал влегуваме максимално сериозно, решени да ја финишираме работата онака како што посакуваат сите наши навивачи – со големо славје на крајот.

Одиме чекор по чекор, натпревар по натпревар, свесни дека противникот не само што не е наивен туку е исклучително квалитетен и заслужува респект. Се подготвуваме за секоја можна ситуација и верувам дека ако одиграме како што знаеме, односно како што игравме досега во плејофот тогаш ќе може да го отвориме финалето со триумф“.

Атанасов потенцира дека клубот кој го води, не се задоволува само со „учество“ во вакви финални серии, целите се, би рекле, „стандардни“:

„Пласманот во финалето секогаш носи задоволство како потврда на успешната работа до тој момент во сезоната. Но, МЗТ не е клуб што се задоволува само со играње во битката за трофејот, туку само со негово освојување што дефинитивно е наша цел во серијата со ТФТ.

За тоа, секако, ќе ни треба и голема поддршка од трибините поради што ги повикувам сите наши навивачи и симпатизери да дојдат вечерва во сала и да ни помогнат да дојдеме до победа“ – потенцира Атанасов пред почетокот на финалната серија.

ПретходноМладите се собраа за двомечот со Косово
СледноМинистерството за спорт го награди Алкалоид со 5 милиони денари