Пионерите на Брера се победници во финалето во Купот на Македонија за пионери. Имено младите фудбалери од Струмица денеска на теренот на Фудбалската федерација на Македонија го победија Пелистер со 1:0 и со тоа го освоија трофејот во ова финале.
На победничката екипа од Струмица, големиот пехар и го предаде Агим Ибраими, членот на УО на Фудбалската федерација на Македонија и некогашен истакнат репрезентативец.
По ова следуваше еуфорично славење на пионерите на Брера Струмица.