Македонскиот интернационален и репрезентативен голман, Дејан Илиев доби нов договор од тимот на Ута Арад. Тоа значи дека Илиев ќе остане во овој клуб, минимум до 2027 година.
Илиев конечно може да се пофали дека стандардно брани во еден клуб, не поради нечива недоверба во неговите квалитети, туку затоа што подолг период е здрав и без повреда.
Токму затоа е и новиот договор кој што го потпиша некогашниот член на Арсенал.
Илиев досега покрај овие два клуб беше дел и од матичната Беласица, Серед, Јагијелониа, Шрусбери, Тренчин, Хелсинки и Сараево.