“Македонскиот“ Борац Бања Лука поразен во битката за Суперкупот на БиХ!

70

Борац Бања Лука вечерва во Зеница беше поразен од Зрињски со 1:0 во меч од Суперкупот на Босна и Херцеговина.

Веднаш да кажеме дека нашиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски беше резерва а Бобан Николов влезе во игра во 74.минута.

Победничкиот гол за Зрињски беше дело на Билбија во 82.минута.

Херера, Колумбиецот со македонски пасош го одигра целиот натпревар за Борац Бања Лука.

ПретходноМаџари со пехар го прослави пласманот во „елитата“