„Јамал ќе го продолжи договорот со Барселона! Тој е најдобар во светот и ќе ја освои Златната топка“(ВИДЕО)

153

Сега е готово. Штом тоа јавно го кажа менаџерот на Ламине Јамал, Жорге Мендеш, значи готово е. Имено тој денеска престојуваше во Барселона кладе беше на состанок со раководството на Барселона со цел да “испеглаат“ сите детали од договорот кој треба да го потпише младата мега – ѕвезда на Барселона.

По излегувањето на еден ресторан, португалскиот менаџер го кажа ова:

Готово е. Никогаш и немало дилеми околу тоа дали Јамал ќе го продолжи договорот со Барселона. Прашање на ден е кога истиот ќе биде официјализиран“ рече Мендеш.

Инаку се говори дека тоа треба да се случи на роденденот на Јамал на 13 јули кога тој ќе наполни 18 години.

Инаку тој во продолжение истакна дека неговиот клиент е најдобар фудбалер во светот и дека ќе ја освои „Златната топка“.

Интересно. Дали Мендеш знае што сите не знаеме?

ФОТО: ФЦ Барселона/ФБ

ПретходноТен Хаг во завршни преговори со Леверкузен!
СледноРК Пелистер 2 се врати во ракометната елита! (ФОТО)