МЗТ Скопје ја доби првата финална пресметка против ТФТ во рамките на плеј-офот, откако на домашен терен славеше со 67-49 за 1-0. Тимот од Тафталиџе беше рамноправен противник во првата четвртина, по што целосно застана во вториот период, пред се напаѓачки, постигна само шест поени.
Војдан Стојановски имаше 12 поени, додека неговиот брат Дамјан 11 кај победникот. На другата страна Говенс и Тома Стојановски имаа по девет поени.
Во првата четвртина имаше изедначена битка на теренот, водството се менуваше, пред крајот на овој период гостите со серија од 9-3 успеаја да намалат н 22-20, но првакот го заврши овој период со резултат 25-20. Веќе во следниот период „сино-белите“ ја продолжија доминацијата, ТФТ постигна само 6 поени, на другата страна МЗТ Скопје 16. На одморот беше 41-26.
Во 25 минута Војдан од контранапад ги донесе највисоките плус 18 (50-32) до овој момент на мечот. Две минути подоцна неговиот брат, Дамјан и Маслинко зголемија на 55-34, по што Боро Смилковски мораше да повика тајм-аут. Истиот не вроди плод, двата тима влегоа во серија на грешки и промашувања, што пак го намали квалитетот на финалето. Најголемото водство во овој период беше 21 поен (55-34).
Не се промени ништо ниту во последните десет минути, ТФТ целосно беше излезен од ритам. На четири минути до крајот МЗТ Скопје дојде на високи плус 20 (62-42).
Второто финале се игра во понеделник, домаќин е тимот на МЗТ Скопје.