Ова се можните ривали на Вардар во 1.квалификациско коло во ЛК! (ФОТО)

670

По цели 18 години Вардар го освои Купот на Македонија и благодарение на тоа по цели 8 години нашиот најтрофеен клуб ќе има европско лето. Вардар последен пат играше во Европа во 2018 година кога во 1.квалификациско коло во ЛЕ беше елиминиран од Пјуник со 0:2 и 0:1.

Ова лето повторно Вардар ќе игра во Европа, а ќе започне со настап во 1.квалификациско коло во Лигата на Конференции. Инаку со оглед дека го немаше долго време во Европа, Вардар има коефициент од 1.233 па затоа ќе биде во групата на неносители за ждрепката во стартното квалификациско коло.

Ова се можните ривали на Вардар, исто како и на Работнички и Силекс кои исто така ќе бидат неносители:No description available.

Да кажеме дека ждрепката за првото и второто квалификациско коло во Лигата на Конференции ќе се одржи на 17/18 јуни а мечевите од првото коло се закажани за 10 и 17 јули.

Секако останува на Вардар, но и на сите наши европски претстаници, да им посакаме среќа и успешен настап ова лето во фудбалска Европа.

ПретходноПозната е причината поради која тренерот на Колстад се онесвести среде финале (ВИДЕО)
СледноИндијана со нов чудесен пресврт го победи Њујорк (ВИДЕО)