Откако пред неколку дена ракометарот на ГРК Охрид, Теимураз Орјоникидзе ги повреди предните вкрстени лигаменти, тој денеска бил успешно опериран. Оваа информација ја споделува неговиот клуб, кој му посака што побрзо заздравување на враќање на ракометните терени.
Инаку ова е најтешката повреда кај еден спортист, рехабилитацијата вообичаено трае речиси една година.
ФОТО: ГРК ОХрид/ФБ