Официјално: Рафиња во Барселона до 2028! (ФОТО)

102

И официјално, Рафиња останува во Барселона најмалку до 2028 година. Ова попладнево на социјалните мрежи, како и на својот сајт, го објави каталонскиот клуб.

Бразилецот, кој имаше фантастична сезона, во присуство на претседателот Хоан Лапорта и директорот Деко, потпиша нов договор со важност до јуни 2028 година.

Секако дека ова е голема вест за сите во Барселона, а посебно за стратегот Ханси Флик ако се знае дека токму Рафиња, заедно со Јамал се разбир, беше клучниот играч на Барса во сите успеси.

Инаку Рафиња во Барселона дојде во 2022 година.

ФОТО: ФЦ Барселона/Х

ПретходноБрера е победник во Купот на Македонија во пионерска конкуренција! (ФОТО)
СледноПо заминувањето на Модриќ од Реал: Се огласија Перез, Роналдо, Рамос, Вини, Белингем, Бензема, Крос, Родриго…(ФОТО)