Постекоглу: Не се фалев, имав храброст да верувам дека ќе успееме

371

Менаџерот на Тотенхем, Анге Постекоглу, беше исклучително среќен по победата над Манчестер Јунајтед (1:0) во финалето на Лигата на Европа. Трофејот е прв за австралискиот специјалист на чело на Спарс и го квалификува тимот за Лигата на шампионите следната сезона.

„Кога реков дека секогаш освојувам трофеј во мојата втора сезона, бев погрешно разбран. Не се фалев. Дадов изјава и верував во неа“, рече Постекоглу и продолжи:

„Знам дека нашите резултати во Премиер лигата се ужасни и неприфатливи. Дури и да завршевме трети, тоа немаше да го промени клубот. Им требаше награда. Кога реков дека секогаш освојувам нешто во втората сезона, тоа беше токму мојата намера. Не се плашев да ја именувам мојата цел. Не очекував никој друг во клубот да застане зад моите зборови, но јас ќе бев одговорен за нив ако не победевме денес“, објасни менаџерот на Спарси.

Предводникот на Тотенхем потенцира дека ги минимализирале шансите на Јунјатед, она што го договориле на дело го спровеле за да дојдат до трофејот.

„Луѓето многу нè критикуваа во текот на сезоната и мислам дека како клуб не се браневме толку решително колку што требаше. Сè уште се обидувам да сфатам што постигнав. Чекањето за трофеј беше предолго. Ако не сте биле во таква ситуација, не можете да разберете какво е чувството да се постигне нешто такво. Имавме јасен план за игра, а преземањето на водството ни даде дополнителна самодоверба. Бевме многу организирани и ги минимизиравме шансите на Јунајтед пред нашиот гол“, додаде Австралијанецот.

ПретходноАморим: Ако раководството и навивачите го сакаат тоа, ќе си одам!
СледноАнглија ќе го урне рекордот по бројот на клубови во Лигата на шампиони