Реал сепак го отпиша Модриќ, не се прашува Алонсо!

983

Реал Мадрид одлучи да не му понуди нов договор на Лука Модриќ. Ова е одлука на клубот, а не на новиот тренер Чаби Алонсо. Доколку ништо не се промени, Модриќ ќе го одигра својот последен натпревар на „Сантијаго Бернабеу“ како играч на Реал Мадрид во сабота против Реал Сосиедад во последното коло од Ла Лига.

„Реал нема да објави ништо поврзано со заминувањето на Модриќ оваа недела, тие само ќе ја информираат јавноста во петок дека Карло Анчелоти го напушта клубот. Ќе видиме дали Модриќ ќе објави нешто пред натпреварот, но неговата церемонија на збогување од Реал ќе биде во сабота“, велат тамошните медиуми.

Лука Модриќ нема да го прослави својот 40-ти роденден како играч на Реал бидејќи клубот го потпишал 40 дена пред да истече договорот. Со оглед на возраста на Модриќ, во последните години Реал му го продолжуваше договорот за една сезона, секогаш пред крајот на сезоната и истекот на договорот.

Во исто време, тој ја намали и својата плата, од 12,1 милиони евра по сезона за 2019/20. до 10,5 милиони евра по сезона за 2023/24. Но, минатото лето, Реал радикално ја намали платата на Модриќ. Капитенот прифати да остане во Реал, но за половина од платата од претходниот. Иако беше најавено дека постои шанса да остане, сепак работите се менуваат од минута во минута.

ПретходноСрам за УЕФА: На Чеферин му снема медали за клучните играчи на Тотенхем (ВИДЕО)
СледноАморим: Ако раководството и навивачите го сакаат тоа, ќе си одам!