И официјално. Ракометарите на Пелистер 2, од следната сезона повторно ќе играат во нашата машка ракометна Суперлига. Имено денеска младите битолчани славеа против РК Драчево, во меч од Првата лига, со 46:25 и со тоа и дефинитивно ставија печат на пласманот во елитата. Ја потврдија титулата во Првата лига.
Значи во следната сезона Битола одново ќе има два Суперлигаши, Пелистер и Пелистер 2.
По овој успех раководството на РК Пелистер им го честиташе успехот на своите млади ракометари.