Македонскиот тенисер Горазд Србљак го заврши настапот на ИТФ фјучрсот Куршумлијска баеа 15 откако во мечот од првото коло загуби од Шпанецот Карлос Гиларди со 2-0 во сетови (64 63). Мечот беше изедначен, а во клучните моменти ривалот успеавше да ги освои потребните поени.
Србљак на турнирот настапи преку квалификациите откако претходно оствари победи во втората рунда против Роман Гаркавенко со 2-0 во сетови (63 64), а во финалето од квалификациите го надигра домашниот тенисер Огњен Миленовиќ од Србија со 2-0 во сетови (60 62).
Според пријавната листа македонскиот тенисер и следната недела го очекува настап во квалификациите на турнир во Куршумлијска бања.