Судии за баражи: Трпчевски ќе им суди на Беса и Башкими

328

Претстојниот викенд и дефинитивно, со одигрување на баражите за пополнување на ПМФЛ и ВМФЛ, се става крај на фудбалската сезона во Македонија за оваа 2024/2025.

Познати се и судиите кои ќе ја делат правдата на овие четири меча. Секако дека најинтересно ќе биде на Чаир каде за пласман во ПМФЛ се среќаваат Беса и Башкими, а главен судија на овој меч ќе биде Стојанче Трпчевски од Скопје.

Во продолжение можете да ги видите сите двојки и судиите на овие бараж натпревари.

СУДИИ ЗА БАРАЖИТЕ

МЕЧ ЗА ПЛАСМАН ВО ПМФЛ – НЕДЕЛА (17 Ч)

Скопје: Беса – Башкими (Стојанче Трпчевски – Скопје)

МЕЧЕВИ ЗА ПЛАСМАН ВО ВМФЛ – САБОТА (17 Ч)

Кавадарци: Осогово – Шкендија А (Фатмир Бафто – Охрид)

Скопје: Преспа – Слога Виница (Влатко Илиоски – Прилеп)

Скопје: Големо Коњари – Тетекс (Доне Ристовски – Гевгелија)

ПретходноКузманоски со прв собир, Новеска го објави поширокиот список за европскиот младински фестивал
СледноИ официјално: Кошарка ќе се игра и на “Сантијаго Бернабеу“! (ФОТО)