Тен Хаг во завршни преговори со Леверкузен!

67

Тешко дека опцијата со Ајакс ќе успее, па затоа деновиве Ерик тен Хаг бил во преговори со неколку други клубови за преземање на тренерската клупа. Денеска,барем според медиумите од Германија, Холанѓанецот водел завршни преговори со Баер Леверкузен и големи биле шансите некогашниот стратег на Манчестер Јунајтед и Ајакс, токму тој да биде наследникот на Чаби Алонсо кој пак се сели во Мадрид каде ќе седне на жешката клупа на “кралевите“.

Инаку интересно е тоа што Тен Хаг пред 12 години бил тренер на вториот тим на Баерн Минхен, во периодот кога Пеп Гвардиола беше главен стратег на “баварците“, па така ако сега навистина стане тренер на Леверкузен пред себе ќе има голем предизвик.

ФОТО: ФЦ Манчестер Јунајтед/ФБ

ПретходноПо заминувањето на Модриќ од Реал: Се огласија Перез, Роналдо, Рамос, Вини, Белингем, Бензема, Крос, Родриго…(ФОТО)
Следно„Јамал ќе го продолжи договорот со Барселона! Тој е најдобар во светот и ќе ја освои Златната топка“(ВИДЕО)