Бесир Демири е верен на Работнички

118

Искусниот дефанзивец Бесир Демири потпиша нов договор со неговиот сегашен клуб, Работнички.

Некогашниот младински репрезентативец на Македонија ќе биде дел од клубот од Дебар Маало официјално до 2027 година до кога е важечки новиот дил помеѓу Демири и Работнички.

Тој својата кариера ја започна во Шкупи, за да потоа од Шкендија пристигне во Вардар. Беше и во Мариупол, Кукс, Жилина, Динамо Тирана, за да потоа се врати во Шкупи, накратко да биде на Косово во Гњилане, и конечно да пристигне во Работнички.

ФОТО Rabotnicki Facebook

ПретходноИлиев во Ута Арад до 2027 година
СледноКузманоски со прв собир, Новеска го објави поширокиот список за европскиот младински фестивал