Денеска стартува битката за кошаркарскиот трон. Во финалето е актуелниот првак, МЗТ Скопје и ТФТ, кој за првпат во својата историја ќе игра за шампионската титула. Дуелот е закажан со почеток во 19:30 часот во СЦ „Јане Сандански“.
МЗТ Скопје Аеродром ќе атакува на својот 12, а ТФТ на првиот шампионски трофеј. И двата тима до финалето стигнаа без грешка, што пак е најава за интересна битка.
За кошаркарите на тимот од Аердром ова ќе биде вкупно 19. финална серија, 13-та по ред. МЗТ Скопје првата титула ја освои во сезоната 2011/2012, оттогаш па наваму не успеа да слави само во едно финале, против Работнички во сезоната 2017/2018.
ТФТ пак сосема изненадувачки, тивко, без голема „помпа“ беше на ниво на задачата кога беше најпотребно. Доколку успее да го сопре налетото на противникот, тимот од Тафталиџе не само што ќе го подигне својот прв пехар, туку и најави сериозни амбиции за АБА-лига за која е потребно да се издвојат сериозни финансиски средства.
Победата против МЗТ Скопје за ТФТ не е непознаница, и не е така далечна, оваа сезона успеа дома да го победи со 75-70, што пак им дава дополнителен мотив на играчите.
Мечот ќе биде директно пренесуван на МРТ.