По поразот од Вардар во синоќешното финале во Купот на Македонија, како што велат нашите информации, раководството на Струга ТЛ донело одлука за разделба со својот стратег Илчо Ѓорѓиоски.
Ова не е неочекувана одлука, иако треба секако да се официјализира, ако се знае што се случуваше на вчерашното финале. Имено тренерот на Вардар Гоце Седлоски, имаше ДОКТОРСКИ меч против големиот и квалитетен ривал, знаеше што сака, маестрално го предводеше Вардар. Буквално секоја одлука му беше на место.Се виде дека Седло фантастично ја има скенирано екипата на Струга ТЛ. Успеа да ги пронајде слабите точки на противникот и преку своите момци на теренот успеа да му ја донесе титулата на Вардар, во Купот, по цели 18 години.
Ова беше еден од најдобрите мечеви на Седло во неговата тренерска кариера. Во своето прво финале во Купот, дојде и до својот прв трофеј.
На другата страна тотално разочарување. Оваа сезона за Струга ТЛ е катастрофа. Иако важеа за најголем фаворит за третата титула во низа ништо од тоа, иако имаа големи шанси да го освојат Купот и од тоа ништо. Најкатастрофално за стружани е што ова лето нема да играат во Европа, тоа е голем удар за довчерашниот владател во мак – фудбалот кој го има убедливо најзвучниот играчки кадар во Македонија.
Илчо во беше доведен да освои барем една титула и по секоја цена да излезе во Европа. Илчо од ова ништо не исполни, и затоа е таа разделба.
Чекаме само на официјална потврда.
Седлоски го “спакува“ Илчо, може и така да се каже по оној вчерашен тренерски дуел во финалето кој го доби стратегот на Вардар најмалку со 5:0, така да се изразиме во голови.