Жалбата одбиена, суспензијата на Рудигер остана на шест натпревари

120

Раководните структури на фудбалската федерација на Шпанија, ја одбија жалбата на Реал Мадрид, која што се однесуваше на суспензијата на Антонио Рудигер. Истата е важечка уште од финалето на Купот на Шпанија, кога германецот полуде и направи ретко виден инцидент на вака фудбалско високо ниво.

Во тие моменти, тој буквално сакаше да се пресмета со судијата на тој дуел, и дури петмина од Реал не можеа да го сопрат.

А како не успеа да стигне до арбитарот, Рудигер проба да го погоди со парче леб!? Нормално доби цервен картон и суспензија од шест мечеви. Иако потоа, нормално, следуваше јавно извинување за она што се случи, сепак, Рудигер не доби помилување за стореното и ќе треба казната да ја одработи во целост.

 

ПретходноМинистерството за спорт го награди Алкалоид со 5 милиони денари
СледноСрбљак поразен на фјучрсот во Србија