По назначувањето на функцијата селектор на репрезентациите до 17 години, Горан Кузманоски, предводникот на машкиот национален тим, и Даниела Новеска, тренерот на женскиот национален тим, веднаш се “фрлија“ на работа и ги објавија пошироките списоци за европскиот младински фестивал кој ќе се одржи во Скопје.
Кузманоски се одлучи за 36 имиња (СПИСОК) и собирот го имаше веќе денеска во Антон Димитров во Бутел- Скопје. Машката М17 репрезентација на Македонија на претстојниот младински фестивал е дел од групата А против Хрватска, Исланд и Шпанија.
Даниела Новеска пак се одлучи за 31 име (СПИСОК), собирот ќе се одржи во сабота, во спортската сала Мајка Тереза – Скопје. Нашата ракометна селекција е дел од групата Б заедно со селекциите Исланд, Норвешка и Швајцарија