“Македонскиот“ Борац Бања Лука поразен во битката за Суперкупот на БиХ!

265

Борац Бања Лука вечерва во Зеница беше поразен од Зрињски со 1:0 во меч од Суперкупот на Босна и Херцеговина.

Веднаш да кажеме дека нашиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски беше резерва а Бобан Николов влезе во игра во 74.минута.

Победничкиот гол за Зрињски беше дело на Билбија во 82.минута.

Херера, Колумбиецот со македонски пасош го одигра целиот натпревар за Борац Бања Лука.

ПретходноМаџари со пехар го прослави пласманот во „елитата“
СледноЈокиќ може да се лути колку сака: Шеј Гилџес-Александар покажа зошто е МВП (ВИДЕО)