Министерството за спорт го награди Алкалоид со 5 милиони денари

400

Екипата на Алкалоид е на 60. минути до пехар во ЕХФ Европскиот Куп, прв во својата историја во едно натпреварување надвор од нашите граници. Кирил Лазаров и неговите момци на првиот финален меч во Атина славеа со 25-29 и веќе во недела на домашен терен, пред полни трибини во СЦ „Борис Трајковски“ треба да ја потврдат играта и да испишат нова историја.

Министеството на спорт не чекаше финален резултат од втората средба, туку како што доликува го награди Алкалоид со пет милиони денари.„Награда за РК Алкалоид за пласман во финалето на ЕХФ купот и достојно претставување на Македонија надвор од нашите граници“, напиша министерот за спорт, Борко Ристовски. 

Реваншот кој ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје е закажан за в недела со почеток во 20.30 часот. Билетите од вчера се распродадени.

ПретходноАтанасов: МЗТ е тим кој што цели кон големи нешта
СледноЖалбата одбиена, суспензијата на Рудигер остана на шест натпревари